A+ / A-


A++ наменски кеш кредити за финансирање енергетско ефикасни производи

Изворот на средствата е од кредитната линија која е дел од програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy - GEFF), со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија.

Искористете ги поволностите на наменските А++ кредити на Охридска банка Сосиете Женерал, инвестирајте во технологиии со повисоко ниво на енергетска ефикасност и побрзо дојдете до енергетско ефикасен дом.

Успешно имплементираните проекти се прифатливи за инвестициски грантови од 15% до 20% од вредноста на инвестицијата.   

Основни карактеристики

  • Поволна каматна стапка од 5,5%;

  • До 20% поврат на средства од износот на одобрениот кредит;

  • Можност за дополнителна заштита со вклучување на животно осигурување во Вашиот кредит.


Карактеристики 

Намена 

За физички лица за инвестрање во технологиии со повисоко ниво на енергетска ефикасност во своите домови кои ќе придонесат за поголема заштеда  

А++ Кеш експрес кредит

А++ Кеш хипотекарен кредит

Износ  

 Од 150 ЕУР до 20.000 ЕУР

 од 20.001 до 50.000 ЕУР 

Валута

МКД, со девизна клаузула

Годишна каматна стапка 

Со КЖО

Без КЖО

Со КЖО

Без КЖО

5,55% фиксна за првите 3 години; 6,9% фиксна за останатиот период

5,75% фиксна за првите 3 години; 6,9% фиксна за останатиот период


5,50% фиксна за првите 3 години; 6,45% + 6М ЕУРИБОР за останатиот период


5,70% фиксна за првите 3 години; 6,45% + 6М ЕУРИБОР  за останатиот период

Рок на отплата

Мин.6 - макс. 95 месеци

Мин.36 - макс. 240 месеци

Начин на отплата

  Месечни рати

 Административен трошок

2%, мин.610 МКД

Останати трошоци

- Трошок за апликација 200 МКД    
- Трошок за МКБ: 300 МКД

- Трошок за апликација 300 МКД  
- Трошок за проценка: 2000 МКД

 Обезбедување 

- Меница

- До 12,000 ЕУР – без жирант и без   

  солемнизиран договор

-Административна забрана

- Хипотека од прв ред со вредноост  

   потврдена од проценител

-Задолжително осигурување на     

  недвижниот имот предмет на

  хипотека од сите ризици (пожар,

  поплави..) винкулиран во корист на

  Охридска Банка

-Административна забрана 

*Износот на бараниот кредит и потребното обезбедување – определено според клиентската група


Придобивки

  • Неповратен кеш бонус како потстрек за реализиран проект во опсег од 15% - 20%

  • Зголемен буџет во домаќинствата следствено на намалени трошоци за енергенти

  • Зголемување на вредноста на недвижностите

  • Зголемена доверливост на опремата

  • Поповолни услови на финансирање


Прифатливи технологии за финансирање и можност за грант

Листата на категории кои опфаќаат технологии прифатливи за кредитирање од страна на GEFF е он-лајн каталог достапен на официјалната ВЕБ страница на Селекторот на технологија - Technology Selector на следниот линк




Вклучени се следните категории на производи:

  • Енергетско ефикасни прозори, врати и застаклување

  • Изолација на надворешни ѕидови, покрив и подкровје, под и преградни ѕидови

  • Печки / котли на биомаса / Котли на гас

  • Соларни колектори за топла вода

  • Фотоволтаични системи

  • Топлински пумпи (електрични или на гас)

  • Високо ефикасно осветлување, ниско температурно осветлување

  • Балансирана механичка вентилација со рекуперација на топлина

  • Акумулациони бојлери за топла вода

Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии од Селекторот на технологија, како и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологијата.


Како до кредит?

Многу едноставно:

1. Одберете ја Вашата инвестиција - Користете го Селекторот на технологија на http://technology-mk.ebrdgeff.com/  и одберете технологија во која што сакате да инвестирате и испечатете го сертификатот за прифатливост.

2. Земете про-фактура за одбраните технологии од одбраниот трговец(и)/дистрибутер(и).

3. Аплицирајте за А++ кредит – обратете се во најблиската експозитура на Охридска Банка Сосиете Женерал. Понесете со себе валидна лична карта/пасош или друг валиден документ за идентификација, про-фактура од Вашата планирана инвестиција, Сертификат за прифатливост на технологијата, документација поврзана со обезбедување и пополнете го стандардниот сет на документи за аплицирање за потпрошувачки кредит.

4. Инсталирајте ја технологијата и потоа известете ја Банката. Тимот на GEFF ќе ги верификува трошоците за инсталираната технологија врз основа на уредно доставената документација и Барање за верификација на проектот . По успешната потврда, Охридска Банка Сосиете Женерал ќе го исплати инвестицискиот грант на Вашата сметка во Банката.


Документи

Линкови

Репрезентативен пример:

Репрезентативен пример во ЕУР

А++ Кеш кредит

А++ Кеш хипотекарен кредит
Износ на кредитот
10.000
30.000
Рок на отплата
95 месеци
240 месеци

Фиксна каматна стапка со КЖО* за првите 3 години

5,55%

5,50%

Каматна стапка со КЖО*за останатиот период

6,90%

6,45%+6М Еурибор

Месечна рата за првите 3 години

134 ЕУР

221 ЕУР

Месечна рата за останат период

139 ЕУР

236 ЕУР

СВТ за првите 3 години

7,19%

6,81%

СВТ за останат период  8,04% 7,55% 
Вкупен износ што го плаќа клиентот 13.247 ЕУР  56.730 ЕУР 


*Во пресметката е вклучена и 0,85 % премија за кредитно животно осигурување.

Пресметките се однесуваат на А++ Кеш експрес кредит со животно осигурување на износ 10.000 евра и со најдолк рок на отплата од 95 месеци. Трошоци: административен трошок 2% од износот на кредитот, трошок за аплкација 200 МКД, трошок за меница 500 МКД, провизија за МКБ 300 МКД, трошок за одржување на трансакциска сметка 29 МКД. Информации во врска со покриените ризици за кредитно животно осигурување се содржани во Општите услови на Мастер полиса 0001. Условите се валидни од 19.03.2018 година.



принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби