Биди Банкар!
Летна школа на Охридска банка Сосиете Женерал
3-28 Јули во Охрид

ОБСГ организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии.
Летната школа – Биди Банкар се организира во период од 3-28 Јули во Охрид.
Концептот на школата е интерактивен со практични и тематски предавања кои ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.
Програмата на летната школа вклучува различни активности:
- практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид,
- тематски предавања од областа на банкарството и финансиите,
- обуки за меки вештини,
- предавачи од реномирани компании,
- забава, дружење и едукација.
Школата има за цел:
- Да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа
- Да го прошири вашето знаење од повеќе области на банкарството и финансиите
- Да ве подготви за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини
- Да ви овозможи еден месец дружба, забава, учење и многу интересни активности кои ќе ви помогнат во понатамошниот кариерен развој
Сите учесници ќе добијат сертификати за учество во програмата.
Летната школа ќе биде во периодот од 3 до 28 јули 2017 г. во Охрид со покриени трошоци за храна и сместување за сите учесници.
Апликациите може да се достават на e-mail: kariera@ob.com.mk со назнака „Апликација за летна школа“, најдоцна до 12 јуни 2017 година.