A+ / A-

Денарска сметка за резиденти правни лица

Охридска Банка АД Скопје нуди можност за отворање и водење на денарски трансакциски (жиро) сметки како и трансакциски сметки за посебни намени на своите клиенти правни лица - резиденти преку кои може да се извршуваат сите платежни трансакции во земјата.

Со отворање на жиро сметка на клиентите правни лица во Охридска банка им се овозможува:

  • Брзо и ефикасно извршување на сите налози за плаќање
  • Увид во состојбата и прометот на сметката со гарантирана тајност на податоците
  • Избор на опции и време за извршување на налозите
  • Изработка на различни видови на потврди по Ваше барање
  • Извршување на налози по електронски пат: 24 часа на ден преку користење на современите канали на електронско банкарство за правни лица OBSGN@t, со 30% пониски трошоци
  • Доставување на изводи за промените на сметката на начин кој најмногу одговара на клиентот (лично во експозитура / Филијала, по факс, пошта, електронски)
  • Можност на користење на дозволено пречекорување на жиро сметка бизнис пречекорување

Потребна документација за отворање на трансакциска (жиро) сметка

Документи кои ги обезбедува клиентот:

Фотокопија од Решение за упис во Трговскиот регистар односно во регистерот на надлежен орган на РМ - Централен регистар или Акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар или Извадок од Законот ако учесникот е основан согласно закон.

Фотокопија од ЗП образец - заверени потписи на лица овластени за застапување.

Фотокопија од лични карти на управителите (овластени лица за застапување) и потписниците на сметката.

Документи кои ги обезбедува Банката:

Барање за отворање на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица.

Пристапница за правно лице.

Потписен картон на овластени лица за располагање со средствата со сметката во три примероци.

Овластување доколку има повеќе од еден потписник.

Договор за отворање на жиро сметка во два примероци.

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 19.02.2017
031
17.02.2017, 00:00 - 17.02.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!