A+ / A-

Хипотекарен кредит

Хипотекарните кредити се ненаменски кредити за физички лица - средствата се исплаќаат директно на сметката на должникот, и можат да бидат искористени за било каква намена.

За кого е наменет?

Македонски полнолетни државјани, кредитоспособни клиенти, иматели на тековна сметка во Охридска Банка со редовни примања. 


Максимален износ

50.000 ЕУР/3 000.000 МКД

Рок на отплата

  • максимум 240 месеци за кредити со девизна клаузула
  • максимум 120 месеци за кредити во чисти МКД

Каматна стапка

 За кредити со рок на отплата 15 години каматната стапка е фиксна за првите 3 години, од 5,95%  со/без кредитно животно осигурување. После 3-тата година каматната стапка е променлива и истата е збир од фиксна маргина и изнесува од 6,25% + 6 месечна стапка ЕУРИБОР со/без кредитно животно осигурување .


Каматните стапки се различни за различни клиентски групи, како и за кредити со и без кредитно животно осигурување.

Валута

чисти денари МКД/ денари со девизна клаузула (МКД со FX) 

Административен трошок

50% Попуст за период од 10.10.2017-31.01.2018


Предвремена отплата

  • Повластени клиенти и вработени- 0%
  • Останати- 2%

Останати надоместоци

Провизија за анализа на барањето 300 МКД.

Критериуми

  • Максималната возраст на главниот должник не смее да надмине 67 години
  • Договор за заснован работен однос на неопределено.

Исплата

  • Средствата се исплаќаат директно на сметката на должникот и можат да бидат искористени за било каква намена.

Обезбедување

  • Хипотека од прв ред со вредноост потврдена од проценител
  • Задолжително осигурување на недвижниот имот предмет на хипотека од сите ризици (пожар, поплави..) винкулиран во корист на Охридска Банка
  • Административна забрана за клиенти на платен список и иматели на сметки

Потребна документација

  • копија од валидна лична карта.
  • потврда за висина на примања.
  • за вработени во приватни фирми, образец ПДД МП за последните 3 месец


Како до кредит?

Многу едноставно:

  • Пополнете апликација за кредит;
  • Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
  • Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.


Документи:

Линкови

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби