A+ / A-

Осигурување на денарска трансакциска сметка 

Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Граве, ви овозможува осигурување на вашата денарска трансакциска сметка.

Осигурувањето за иматели на трансакциска сметка во денари во Охридска банка Сосиете Женерал - обезбедува осигурување на физички лица во случај на настанување на осигуран настан.

Што добива клиентот во случај на осигурен настан?

Охридска банка во соработка со Граве ви овозможува финансиски бенефит кој ќе се исплати на сметката на осигуреното лице или на назначеното лице и тоа:

  • Итен еднократен надомест од 500 ЕУР по осигурување
  • Вкупна сума еднаква на приливите на трансакциската сметка во денари на осигуреникот во последните 12 месеци пред датумот на случување на осигурениот настан, максимум 2500 ЕУР по полиса за осигурување на трансакциска сметка во денари*
  • Во случај на смрт како резултат на болест фиксна сума од 25 ЕУР по осигурување

Покриени ризици 

  • Смрт како резултат на несреќен случај
  • Трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќен случај
  • Смрт како резултат на болест

Начин на плаќање

Премијата изнесува 1 ЕУР месечно, фиксен износ пресметан во денарска противвредност според средниот курс на денот на месечните пресметки.

Премијата се пресметува и се наплатува на месечна основа од трансакциската сметка на клиентот.

Клучни предности  

  • поголема сигурност – осигурувањето на денарската трансакциска сметка овозможува посигурна иднина и финансиска поткрепа на семејството во случај на немил настан
  • брзо и лесно аплицирање – одобрување во рок од еден ден
  • едноставен начин на плаќање – месечна наплата директно од трансакциската сметка на клиентот
  • иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот

Како да аплицирате

Во која било експозитура на Охридска банка, членка на Групацијата „Сосиете женерал“.

 

*Клиентот има право да аплицира за минимум 1, максимум 3 полиси. Осигурената сума зависи од бројот на осигурувања. Во случај кога клиентот има повеќе од една полиса, при настанување на осигурениот настан, ќе добие удвоена или три пати поголема сума.

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!