RSS
A+ / A-

Платен промет во странство

I.Општи информации

Платниот Промет со странство сите активности ги извршува согласно Законот за девизно работење, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство и Упатството за начинот на вршење на платен промет со странство.
Службата за платни системи на Охридска Банка АД Скопје во делот на работењето со платниот промет во странство нуди квалитетен, комплетен, брз и ефикасен банкарски сервис применувајќи најсовремени софтверски решенија и воспоставување широка мрежа на коресподентни банки во светот.

II.Наплати/Плаќања

Сите правни лица, резиденти и нерезиденти, може да вршат наплати и плаќања кон странство. Наплатите и плаќањата се извршуваат со ефективни странски пари и со користење на меѓународните инструменти за безготовински плаќања – чек, дознака-линк и инструментите во рамките на документарното работење - инкасо документи, акредитив, гаранции-линк.

За наплата на средства од странство крајниот корисник треба да му ги обезбеди следните податоци на налогодавачот на плаќањето:

  • Целосен назив и адреса на фирмата
  • ИБАН број за Вашата девизна сметка
  • Следните податоци за нашата банка:
    Охридска банка АД Скопје
    Ул. Орце Николов, бр. 54
    1000 Скопје
    SWIFT CODE: OHRDMK22

За извршување плаќање во странство неопходно е да ни ги доставите следните податоци:

  • Име и Презиме и адреса на лицето односно целосен назив и адреса на фирмата – краен корисник на плаќањето
  • ИБАН број и/или број на сметка
  • Целосен назив и адреса на Банката на корисникот и нејзин SWIFT CODE

Банката го известува клиентот – резидент за извршена наплата од нерезидент најдоцна наредниот ден од приемот на покритието, а корисникот на наплатата – резидентот е должен во рок од пет работни дена од приемот на известувањето да и ги достави на банката сите потребни податоци за одобрување на приливот. Банката ја одобрува тековната сметка на клиентот најдоцна наредниот ден по приемот на податоците.

Банката постапува по прифатен налог за извршување на плаќање во странство со датум на валута најдоцна третиот работен ден од датумот на прифаќање на налогот, во спротивно за неприфаќање на налогот банката го известува налогодавачот најдоцна наредниот ден од денот на поднесувањето на налогот.

Сите наплати и плаќања од странство подлежат на специфичен девизен режим и соодветна законска регулатива.

За вистинитоста на податоците и автентичноста на приложената документација одговорност сносат корисникот на наплатата – резидент односно налогодавачот – резидент.

II-1.Прием на чекови на наплата во странство (инкасо)

Чекот е хартија од вредност која како посреден инструмент/документ за плаќање се користи во меѓународниот платен промет со странство.

Чекот претставува писмена исправа издадена во законски пропишана форма, во која издавачот на чекот (трасант), дава налог на оној кој треба да плати (трасат) на корисникот на чекот (ремитент) и тоа безусловно одреден износ наведен на самиот чек.

Банката издава и врши наплата на чекови кои гласат на странска валута во зависност од нивниот тип и износ. Чековите можат да се превземат на финална наплата во странство, доколку сопственикот на чекот даде согласност на Банката за праќање на чекот на финална наплата. Банката го превзема чекот издавајќи му на сопственикот изјава/потврда за прием на чекот и истиот го испраќа на наплата. За услугата Банката наплаќа надоместоци согласно важечката тарифа како и реалните трошоци поврзани со кореспондентните банки.

Банката нема влијание врз настанатите реални трошоци поврзани со странската банка. 

Чековите кои се доставуваат на финална наплата во странство, Банката ги исплаќа по добивање на покритие од коресподентната банка. Девизниот прилив намален за реалните трошоци на коресподентната банка му се исплаќа на корисникот на чекот.

Трошоците кои ќе произлезат за чековите кои нема да бидат наплатени од странската банка се на товар на корисникот на чекот.

Напомена:

Странскиот чек може да биде вратен долго после неговата наплата и тогаш задолжувањето од странската банка за претходно исплатен износ ќе биде пренесено/наплатено од лицето - корисник на средствата на чекот.

II-2.Дознака

Меѓународната дознака е најбрз и најефикасен начин за извршување плаќања и наплати од странство.
Плаќањата се извршуваат со средства по основ на приливи од странство, купени девизни средства на девизен пазар или девизен кредит, додека пристигнатите наплати може да се искористат за плаќања во странство или продажба на девизен пазар.

II-3.Документарно работење

Инкасо документи

Инкасото е инструмент кој се користи во меѓународното трговско работење и претставува наплата на одреден износ на средства преку банка врз база на презентација на одредена документација при што банката се јавува во улога на посредник.
Овој инструмент се користи за зголемување на сигурноста во работењето, посебно кога се работи за партнери од т.н. ризични земји.
Банката врши пуштање документи на наплата – ностро инкасо и прифаќање на документи за плаќање – лоро инкасо.

Акредитиви

Акредитивот е значаен платен инструмент во надворешно трговската размена со кој налогодавачот преку банката му става на располагање на корисникот одреден износ кој тој може да го наплати после исполнувањето на одредени претходно договорени услови во даден временски рок.
Овој инструмент го намалува ризикот во работењето и ги штити интересите на двете договорни страни: купувачот се осигурува за квантитетот и квалитетот на стоката и рокот на испорака, а продавачот се осигурува дека ќе изврши наплата за испорачаната стока.

Основни типови на акредитив се:

  • Ностро /увозен/ акредитив
  • Лоро /извозен/ акредитив

Понатаму во зависност од договорот со клиентите и условите за плаќање акредитивот може да биде: конфирмиран или неконфирмиран, пренослив, stand by, револвинг и сл.

Гаранции

Гаранцијата претставува инструмент за обезбедување кој за банката која ја издава претставува неотповиклива обврска да ја плати на корисникот одредената сума доколку должникот во предвидениот рок не ги исполни обврските според гаранцијата.

Банката работи со ностро и лоро гаранции кои во зависност од предметот и условите може да бидат:

  • Тендерски
  • Чинидбени
  • Платежни
  • Царински
  • Авансови

III. Инструменти за плаќање

Трансакциите во платниот промет со странство се извршуваат на законски пропишани обрасци кои може да се доставуваат во хартиена или електронска форма:

  • Образец 743 – Извештај за наплата од странство
  • Образец 1450 – Налог за извршување дознака во странство или Извештај за исплата по акредитив
  • Образец 1451 – Налог за отворање акредитив

Tарифник

Корисни линкови

принт
Курсна листа повеќе
датум: 21.12.2014
242
20.12.2014, 00:00 - 22.12.2014, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Експозитури