A+ / A-

Платен промет во земјата

I. Општи информации

Платниот промет во земјата се уредува со Законот за платен промет ( Сл.весник на РМ 113/2007, 22/08, 159/08, 133/2009, 145/2010 ) и подразбира плаќања во денари што ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет.

Носители на платниот промет се Народната банка на Република Македонија, домашните банки што имаат дозвола за вршење платен промет, филијали на странски банки, Трезорот при Министерството за финансии и Трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како посебни носители на платниот промет.

Учесник во платниот промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари од својата трансакциска сметка преку носителот на платниот промет.

Поимот плаќање опфаќа уплата на готови пари на трансакциска сметка, пренос на парични средства од една на друга трансакциска сметка и исплата на готови пари од трансакциска сметка.

Трансакциска сметка е единствен и неповторлив нумерички податок според којшто се идентификува учесникот во платниот промет и преку која тој ги врши плаќањата.

Согласно Законот за платен промет, платниот промет се извршува единствено преку трансакциски сметки што се пријавени во единствениот регистар на трансакциски сметки и не е дозволено плаќање меѓу учесниците во платниот промет што не се извршува преку трансакциски сметки.

Учесникот на платен промет може да има повеќе трансакциски сметки кај еден носител на платен промет и може да има трансакциски сметки кај повеќе носители на платен промет.

Учесникот во платниот промет е должен за настанатите статусни и други промени писмено да ги извести носителите на платен промет кај кои има трансакциска сметка, најдоцна во рок од три дена од денот на донесувањето на одлуката за статусните и други промени (член 14 од Законот за платен промет).

Охридска банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и на своите комитенти им нуди брза, едноставна и сигурна услуга во извршувањето на платниот промет.
За тоа Ви стојат на располагање сите шалтери на експозитурите на Банката, како и софтверско решение за електронска комуникација (електронска банка). 

Банката ги извршува денарските платни трансакции за своите комитенти преку:

  • интерен платен промет за плаќања во коишто се вклучени депонентите на Банката;
  • меѓубанкарски платен промет за плаќања меѓу депоненти на две банки што се извршуваат преку два система на порамнување:
    - МИПС – Македонски интербанкарски платен систем на Народната банка на Република Македонија претставува систем за бруто-порамнување во реално време, преку кој се процесираат големите плаќања, над 1 милион денари, и итните плаќања во помали износи.
    - КИБС – Клириншки интербанкарски систем претставува систем за одложено нето-порамнување коешто се врши на крајот од пресмтековниот ден преку којшто се процесираат плаќања помали од 1 милион денари.

Со новините што ги воведе Охридска банка АД Скопје, како што се проширувањето на шалтерската мрежа, новата „електронска банка” со која можете преку Вашиот компјутер да доставувате налози, да го следите прометот и да добивате изводи од сметката, овозможен е нов квалитет во односите со Вас.

II. Инструменти за плаќање

За извршување на плаќањата во платниот промет во земјата се користат следните инструменти (обрасци):

а) за готовински плаќања:

  • Образец ПП 10 - налог за уплата во готово (уплатница)
  • Образец ПП 40 - налог за исплата во готово

б) за безготовински плаќања:

  • Образец ПП 30 - налог за пренос на средства
  • Образец ПП 50 - налог за плаќање јавни приходи
  • Образец ПП 53 - збирен налог за исплата на плата

III. Термински план на плаќања

Охридска банка АД Скопје налозите-плаќањата од трансакциските сметки на учесниците во платниот промет во земјата ги извршува секој работен ден, според следниот термински план:

1.Прием, обработка и испраќање налози во хартиена форма на шалтерите на Банката:

  • за извршување преку КИБС (2) од 8:00 до 14:00 часот
  • за извршување преку МИПС (1) од 8:00 до 16:00 часот
  • за извршување интерни налози (0) од 8:00 до 17:20 часот

2.Прием, обработка и испраќање налози во електронска форма:

  • за извршување преку КИБС (2) до 14,00 часот
  • за извршување преку МИПС (1) до 16,00 часот
  • за извршување интерни налози (0) до 17:20 часот

3. Во сабота, прием само на интерни налози од 08:00 до 14:00 часот.

4. Прием на налози со идни датуми на извршување: хартиени – во определеното работно време и електронски - неограничено.

IV. Тарифник на надоместоци

(тарифа за население)

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!