A+ / A-

Правна напомена

Охридска банка АД Скопје ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата интернет страница само за информативни цели.

Во оваа прилика, Охридска банка АД Скопје ве информира дека пребарувањето на интернет страниците на Банката истовремено значи и прифаќање на следните услови:

  • Интернет страниците на Охридска банка АД Скопје, содржината или било кој дел од истите се заштитени со авторски права. Само Банката има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите.
  • Содржината на интернет страниците на Охридска банка АД Скопје треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи овие страници да се променат независно од волјата или надвор од контрола на Охридска банка АД Скопје. Поради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, Банката не презема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на информациите, документацијата или другите писмени материјали објавени на интернет страниците.
  • Kорпоративниот бренд на Societe Generale како и брендовите на Банката, имињата и пораките на сите производи и услуги на Охридска банка АД Скопје може да се предмет на заштита на правото на трговски знак. Сите активности кои се предмет на правото на трговски знак и сите права (вклучувајќи ги тука и етичките права) поврзани со овој вид на активности се задржани.
  • Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на интернет страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Охридска банка АД Скопје. Сепак, како начин на слободно користење, Банката ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.
  • Охридска банка АД Скопје го задржува правото да ги менува или трансформира своите интернет страници во било кое време. Исто така, Охридска банка АД Скопје може да го ограничи или да го прекине пристапот до нив. Охридска банка АД Скопје не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до страниците. Банката не е одговорна за било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или до другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.
  • Забрането е да се постави било каков линк со интернет страницата без претходно писмено одобрение од Охридска банка АД Скопје. Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на страницата во друга интернет страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на Банката
    Охридска банка АД Скопје не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на страниците на Охридска банка АД Скопје.
  • Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку нашите интернет страници) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува. Со доставувањето на материјалот до нас, прифаќате дека Охридска банка АД Скопје може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против Охридска банка АД Скопје во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против Охридска банка АД Скопје, вие целосно ќе ги надоместите трошоците на Охридска банка АД Скопје.
  • Некои страници на Охридска банка АД Скопје можат да содржат и други одредби, во согласност со правилата на важечкиот закон и заради тоа, познавањето и прифаќањето на тековните правила и применувањето на условите е предуслов за употреба и користење на индивидуалните услуги.
принт