A+ / A-

Сефови

Во широката палета услуги што ги нуди ОБСГ спаѓа и понудата на различни големини на  сефови за чување хартии од вредност, предмети, документи или материјали.

Сеф може да закупи физичко или правно лице врз основа на писмено барање од страна на закупецот и склучен договор.
Идентитетот на клиентот се утврдува со валидна лична исправа (л.к. или пасош).

Банката му гарантира на закупецот тајност и дискреција.
Со сефот може да ракуваат само закупецот и лицата овластени од него.

Во сефот не може да се чуваат предмети и материјали коишто можат сами од себе да се запалат или се подложни на експлозија, радиоактивни материи, оружје од каков било вид и други предмети и материјали што се подложни на распаѓање, расипување, разлевање или чиј промет е забранет со пропис.

Сефовите се лоцирани во експозитурата на Охридска банка Скопје - Центар, на улица Даме Груев бр. 7, и во експозитурата на Банката во Охрид, на ул. Македонски просветители бр.19. Закупецот може да ракува со сефот во работни денови, од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 ч.

Надоместоци за изнајмување сеф лоциран во експозитурата Скопје - Центар, на ул. Даме Груев бр. 7

Формат

Димензија м)

Месечен закуп
(МКД)

Годишен
Закуп
(МКД)

СК1

7 х 26 х 42

210,00

2.100,00

СК2

7 х 42 х 56

250,00

2.500,00

СК3

15 х 26 х 42

290,00

2.900,00

СК4

15 х 42 х 56

380,00

3.800,00

Надоместоци за изнајмување сеф лоциран во експозитурата во Охрид, на ул. Македонски просветители бр. 19

Формат

Димензија (мм)

Месечен закуп
(МКД)

Годишен
Закуп
(МКД)

A1

100 х 300 х 500

236,00

2.832,00

A2

150 х 300 х 500

266,00

3.186,00

A3

200 х 300 х 500

308,00

3.696,00

A4

300 х 300 х 500

319,00

3.832,00

A5

600 х 300 х 500

354,00

4.248,00

 

Контакт

Скопје: 02/ 3 122 126; 02/ 3 256 834

Охрид: 046 201 604; 201 605

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 22.09.2017
177
22.09.2017, 00:00 - 22.09.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!