RSS
A+ / A-

Трансакциска сметка

Трансакциската сметка служи за евидентирање на сите трансакции коишто се вршат преку банката (плата, кредити, депозити, картички ...).
Трансакциската сметка претставува единствен и неповторлив нумерички податок од 15 цифри коишто служат за идентификација на учесниците во платниот промет и таа е пријавена во единствениот Централен регистар на трансакциски сметки.
Секое физичко лице може да поседува (отвори) најмалку една денарска и една девизна трансакциска сметка во зависност од своите потреби.

Денарска трансакциска сметка

Денарска трансакциска сметка задолжително поседува секое лице што врши денарски трансакции преку банка. Денарска трансакциска сметка може да отворат сите физички лица-државјани на Република Македонија, како и физички лица-странски државјани кои имаат третман на резиденти согласно законската регулатива во Република Македонија и имаат добиено лична карта за странец-резидент издадена од МВР на РМ.

Денарска трансакциска сметка може да поседуваат и малолетни лица, како и лица на кои им е одземена деловната способност, при што барањето за отворање на сметката мора да биде поднесено од нивните законски застапници или старатели согласно законските одредби.

Не заборавајте!

Средствата од Вашата трансакциска сметка можете да ги користите преку дебитните картички на Охридска банка: Маестро, MasterCard Стандард дебит и VISA classic дебитна картичка, електронско банкарство OBSGNet, како и преку траен налог за плаќање сметки.

Потребни документи за отворање денарска трансакциска сметка

Денарска трансакциска сметка може да отворите во најблиската експозитура на Охридска банка.

За повеќе информации за сметките контактирајте нè во нашите експозитури или на smetki@ob.com.mk

Траен налог

Услугата траен налог е автоматизиран метод за плаќање со којшто клиентот дава овластување на Охридска банка, во негово име и од средствата на неговата трансакциска сметка, без надомест, да врши плаќања на редовните режиски трошоци (електрична енергија, вода, телефон, топлификација итн.).

Потребни документи за активирање траен налог:

Девизна трансакциска сметка

Девизната трансакциска сметка е сметка преку којашто можат да се вршат трансакции кон странство во странска валута. Девизна трансакциска сметка може да отворат физички лица-резиденти и нерезиденти.

Физичко лице-резидент може да отвори девизна трансакциска сметка со важечка лична карта или со македонски пасош, додека за физичко лице-нерезидент да отвори девизна трансакциска сметка, потребно е да приложи валиден странски пасош.

принт

СМС БАНКА 

Станбен кредит

Нова дигитална услуга од Охридска банка

Експозитури

X


Почитувани,

Во тек е кампања на Охридска банка за кеш кредити и станбени кредити со промотивни каматни стапки. Кампањата се одвива во периодот 6.5 – 3.7.2015. Со пополнувањето на овој краток прашалник ќе ни овозможите да ги согледаме Вашите перцепции и ставови во врска со комуникацискиот концепт на кампањата. Анкетата е анонимна и се спроведува исклучиво за истражувачки цели на банката. Пополнувањето на прашалникот нема да Ви одземе повеќе од 5 минути!

ПРАШАЛНИК