СМС-известувања
Увид во состојбата и промените на трансакциска сметка, на дебитни и на кредитни картички, преку СМС-порака на Вашиот мобилен телефон во реално време.
Типови на СМС-известувања:
- состојба на трансакциска сметка;
- прилив на трансакциска сметка;
- трансакции со платежни картички (плаќање со картичка на ПОС-терминал, плаќање преку Интернет и повлекување средства од банкомат).
Предности:
- потврда за извршена трансакција;
- проверка на износот на извршената трансакција;
- известувања во врска со Вашата картичка;
- заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
- заштита од злоупотреба на картичката;
- дополнителна безбедност при вршење трансакции.
Услугата СМС-известувања може да ја користат клиенти што имаат трансакциска сметка во Охридска банка и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Република Македонија.
За услугата СМС-известувања може да аплицирате во која било експозитура на Охридска банка.
За дополнителни информации, обратете се на 046/261-000, на obsgnetsupport@ob.com.mk или во експозитурите на Охридска банка.