A+ / A-

Станбен кредит со фиксна каматна стапка до 2030 година

Станбениот кредит на Охридска банка е наменски кредит за купување, изградба или за реновирање недвижен имот.

За кого е наменет?

Станбениот кредит е наменет за кредитоспособни физички лица, во редовен работен однос, клиенти на Охридска банка.

Максимален износ

200.000 ЕУР

Рок на отплата

До 360 месеци
До 180 месеци за реновирање

Грејс период

12 месеци за изградба, во спротивно 6 месеци

Каматна стапка


Каматната стапка е фиксна 13 години, односно каматна стапка од 3,75% за кредити со кредитно животно осигурување и од 3,95% за кредити без кредитно животно осигурување за првите 3 години. Каматната стапка во период 4-тата година до 13 година е од 5,95% за кредити со и без кредитно животно осигурување. Каматната стапка по 13 година е  варијабилна и истата е збир од фиксна маргина (која моментално изнесува 5,95%) плус 6 месечна стапка на Еурибор (Euribor) што важи на денот на склучување на договорот, а во секој случај по 13 година каматната стапка не може да биде пониска од 5,95%. Каматните стапки се различни за различни клиентски групи, како и за кредити со и без кредитно животно осигурување.


Валута

МКД со девизна клаузула.
Каматната стапка е годишна, со девизна клаузула

Административен трошок

0 МКД Административен трошок во период од 10.10.2017 - 31.01.2018

Предвремена отплата

Во текот на периодот со фиксна каматна стапка:

-1% при делумна отплата <50% од неотплатената главница без разлика на потеклото на средствата

-2% при делумна отплата >=50% од неотплатената главница без разлика на потеклото на средствата

По истекот на фиксниот период: 

-0% во случај на отплата со сопствени средства

-5% при рефинансирање со кредит од друга банка


Останати надоместоци

Трошок за меница од 100 до 500 денари, трошок за одржување на трансакциската сметка 29 МКД месечно (за пензионери трошокот изнесува 20 денари), нотарски трошоци и трошоци за осигурување недвижен имот од сите ризици, трошок за проценка 2000 МКД, трошок за апликација 0 МКД (во период од 10.10.2017 - 31.01.2018).

Критериуми

  • Сооднос ануитет/плата 1/2  
  • При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитокорисникот не смее да надмине 67 години.

Исплата

  • Средствата се исплаќаат наменски според купопродажниот договор или за рефинансирање станбен кредит во друга банка.

Обезбедување

  • Административна забрана и меница од барателите
  • Хипотека на недвижен имот
    - за сооднос хипотека кредит <1,25%, минимум 20% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.25%, минимум 15% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.30%, минимум 10% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.40%, учество не е задолжително 
  • Во случај предмет на хипотека да биде друг стан - потребен однос помеѓу вредноста на хипотеката и износот на кредитот е 1,25:1
  • Осигурување недвижен имот

Потребна документација

  • копија од валидна лична карта,
  • потврда за висина на примања,
  • за вработени во приватни фирми, образец ПДД МП за последните 3 месеци.

Репрезентативен пример:

Станбен кредит во евра за период на отплата 20 години  
Износ на кредит 30.000 ЕУР
Рок на кредитот 240 месеци
Месечна рата за првите три промотивни години* 184 ЕУР
Месечна рата од 4-тата година до 13 година 217 ЕУР
Месечна рата после 13 година 217 ЕУР
Вкупен износ што го враќа клиентот 51.036 ЕУР

*Во пресметката на месечната рата е вклучена и 0,44% премија за основен пакет за кредитно животно осигурување.

Како до кредит?

Многу едноставно:

  • Пополнете апликација за станбен кредит;
  • Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
  • Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.

Документи

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби