A+ / A-

Кредитна линија од Европска инвестициона банка преку МБПР

Од оваа поволна кредитна линија обезбедена од Европската инвестициона банка достапни се три видови на кредити:

МСП инвестициони кредити од ЕИБ II 50.000.000 ЕУР

Износ на поединечни кредити наменет за крајни кориници:

  • Минимален износ 10.000 ЕУР
  • Максимален износ 3.500.000 ЕУР

Рок на отплата до 8 години

  • Вклучен Грејс период до 24 месеци
  • Квартална отплата
  • Каматна стапка - 5,5 фиксна за целиот период на отплата на кредитот
  • Провизија за управување до 1.5% еднократно
  • Учество на ЕИБ кредитната линија во подршка на проектот до 100%

Намената е за купување на материјални средства:

  • недвижности
  • опрема
  • обртни средства (не повеќе од 30 % од вредноста на кредитот)

Инвестиции во нематеријални средства (развој,планирање и финансирање во фаза на конструкција, трошоци за плати и останато поврзано со фаза на истражувањее и развој)

Приоритетни крајни корисници:

  • Субјекти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5 % или зголемен извоз од најмалку 5 %
  • Субјекти кои имаат вложено во модернизација, заштеда на енергија, заштина на околина
  • Субјекти кои имаат добра пазарна конкурентност(приходи од работење>расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 %; и имаат најмалку 30 % приходи од извоз)

Обезбедување на кредитот:

  • Хипотека на недвижен имот
  • Залога на опрема
  • Други инструменти прифатливи за Банката

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплатата на кредитот.

МСП кредити за трајни обртни средства од ЕИБ II 50.000.000 ЕУР

Износ на поединечен кредит наменет за крајни корисници:

  • Минимален износ 5.000 ЕУР
  • Максимален износ 666.700 ЕУР

Рок на отплата не помал од 2 години и не повеќе од 3 години

Вклучен Грејс период до 6 месеци

  • Начин на отплата - квартална отплата
  • Каматна стапка 5,5 фиксна за целиот период на отплата на кредитот
  • Провизија за управување до 1,0% еднократно

У чество на ЕИБ кредитната линија во подршка на проектот до 100%

Намена:

Поддршка на барањата за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал во услови на експанзија на бизнис активностите на компанијата

Приоритетни крајни корисници:

  • Субјекти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5 % или зголемен извоз од најмалку 5 %
  • Субјекти кои имаат вложено во модернизација, заштеда на енергија, заштина на околина
  • Субјекти кои го зголемиле бројот на вработени
  • Субјекти кои имаат добра пазарна конкурентност(приходи од работење>расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 %; и имаат најмалку 30 % приходи од извоз)

Обезбедување на кредитот:

  • Хипотека на недвижен имот
  • Залога на опрема
  • Други инструменти прифатливи за Банката

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплатата на кредитот.

Кредити за приоритетни проекти од ЕИБ II 50.000.000 EUR

Износ на поединечни кредити наменет за крајни кориници до 6.000.000 ЕУР

Рок на отплата до 8 години

Вклучен Грејс период до 24 месеци

  • Начин на отплата -квартална отплата
  • Каматна стапка 5,5 фиксна за целиот период на отплата на кредитот
  • Провизија за управување до 1.5% еднократно

Учество на ЕИБ кредитната линија во подршка на проектот до 50% (до 6.000.000 ЕУР)

Намена:

  • Подршка на проекти од областа на економијата на знаење, енергетика, животна средина,индустријата, туризмот, здравството, образованието, услугите и др.
  • недвижности
  • опрема
  • обртни средства (не повеќе од 30 % од вредноста на кредитот)

Инвестиции во нематеријални средства (развој,планирање и финансирање во фаза на конструкција, трошоци за плати и останато поврзано со фаза на истражувањее и развој).

Обезбедување на кредитот:

  • Хипотека на недвижен имот
  • Залога на опрема
  • Други инструменти прифатливи за Банката

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплатата на кредитот.

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби