A+ / A-

Студентски кредит

За кого е наменет?

Студентскиот кредит е наменет за сите редовни студенти и постдипломци на универзитетите во РМ, како и на сите акредитирани универзитети во странство. Освен за школарината, кредитокорисникот може да ги искористи средствата за каква било намена, според сопствените потреби и желби.

Максимален износ

300.000 мкд

Рок на отплата

До 60 месеци со вклучен грејс период
До 48 месеци без грејс период

Грејс период

12 месеци

Каматна стапка

Каматната стапка е годишна, фиксна за целото времетраење на кредитот, од 8,85% за кредити со и без кредитно животно осигурување (СВТ 10,67%) до 10,25% за кредити со и без кредитно животно осигурување (СВТ 13,55%). Каматните стапки се различни за различни клиентски групи.

 

Валута

МКД
Каматната стапка е годишна, со денарска клаузула

Административен трошок


Од 1% до 2% од износот на кредитот.  

Административниот трошок е различен за различни клиентски групи.

 

Останати надоместоци

Трошок за меница од 100 до 500 денари, трошок за апликација 200 мкд и трошок за одржување на трансакциската сметка 29 МКД месечно

Предвремена отплата

Без провизија за предвремена отплата

Критериуми

  • 1 или 2 ко-кредитобаратели, членови на потесното семејство.
  • За клиенти кои примаат плата во ОБСГ ануитет/плата ½, за клиенти кои не примаат плата во ОБСГ 1/3.
  • При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитокорисникот не смее да надмине 67 години.

Исплата

Средствата се исплаќаат на сметка на кредитокорисникот

Обезбедување

  • Административна забрана и меница од барателите
  • До 36 месеци без жиранти, над 36 месеци - 1 жирант за клиенти кои примаат плата во ОБСГ, за останатите 1 жирант.

Потребна документација

  • копија од валидна лична карта,
  • копија од индекс,
  • потврда за висина на примања на ко-кредитобарателот,
  • за вработени во приватни фирми, обрзец ПДД МП за последните 3 месеци.

Како до кредит?

Многу едноставно:

  • Пополнете апликација за студентски кредит;
  • Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
  • Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.

Документи

Линкови

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби