Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk

Системски информации

10.07.2019

Летно работно време на експозитурите на Охридска банка

Почитувани клиенти, 

 

Ве известуваме дека од 08.07.2019 важи летното работно време на експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал кое можете да го погледнете на следниот линк.

Со почит,
Охридска банка Сосиете Женерал 

12.06.2019

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: “Phishing” - лажни маил пораки преку фалсификување на идентитетот на Охридска банка Сосиете Женерал

Почитувани,

 

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВОРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец.

Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Информативниот систем на Банката е сигурен и во ниеден момент не е загрозен. 

Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

 

Со почит,

Охридска банка Сосиете Женерал

11.06.2019

Известување за неработен ден 14 јуни 2019

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 14 јуни (петок) 2019 година е неработен ден, поради што експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал нема да работат.
Дополнително, на располагање ви стојат мрежата на банкомати , ObsgN@t и ПОС-терминалите на Банката.

20.05.2019

Прекин на банкомат на Меѓународен аеродром - Скопје

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на 21 мај, 2019 год. е најавен прекин на банкоматот на Охридска банка Сосиете Женерал на Меѓународен аеродром - Скопје во периодот од 10:00ч. до 12:00ч.  

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Охридска банка Сосиете Женерал 

20.05.2019

Известување за измени во припис на камата

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме за извршените измени на приписот на каматата кај старите типови на денарски и девизни депозити во Охридска Банка АД Скопје. Измените се валидни од 06.05.2019 година.

Промените се однесуваат за старите депозити отворени пред 01.07.2017:

· Денарски депозити – кај тип на депозит - Долгорочно денарско штедење на една, две и на три години каде досега се применуваше месечен припис на камата на први во месецот, извршена е промена во начинот на припис на камата во – месечен припис на камата на датум на орочување.

· Девизните депозити – кај тип на депозит – депозит орочен на една, три, пет и на шест години каде досега се применуваше годишен припис на камата на 01.01 во годината, извршена е промена во начинот на припис на камата во – годишен припис на камата на датум на орочување. 

Со измената наведена  погоре, главнината на депозитот, каматната стапка која е фиксна за целиот период на орочување и целокупниот износ на каматата по договорената рочност, остануваат непроменети. Единствено се менува датумот на припис на каматата, така што  кај сите депозити ќе се применува припис на камата на датумот на орочување/реорочување.

 

Со почит,

Охридска Банка АД Скопје

13.05.2019

Прекин на банкоматот во експозитурата во Ѓорче Петров

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека денеска (13 мај, 2019 год.) е извршена интервенција на банкоматот во експозитурата во општина Ѓорче Петров. Поради природата на интервенцијата, банкоматот денеска нема да биде во функција.

Истиот, ќе биде во функција во текот на утрешниот ден (14 мај, 2019 год.) кога интервенцијата ќе биде комплетирана.  

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Охридска банка Сосиете Женерал 

 

30.04.2019

Известување за неработен ден

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 01 Мај (среда) 2019 година е неработен ден, поради што експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал нема да работат.
Дополнително, на располагање ви стојат мрежата на банкомати , ObsgN@t и ПОС-терминалите на Банката.

 

25.04.2019

Известување за неработни денови

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 26 април (петок), 2019 година и 29 април (понеделник), 2019 година се неработни денови поради што експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, OBSGN@t и ПОС-терминалите на Банката.

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

 
11 
  • 1
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk