Картички и
пос-терминали

Плаќајте со бизнис-картичките за правни лица и искористете ги предностите од инсталација на ПОС-терминалите на Охридска банка на Вашето продажно место.

кредитна
Mastercard Business

За Вашите секојдневни деловни потреби

дебитна
Visa Business

За подигнување готовина на банкомати и плаќање во земјава и странство за потребите на Вашата компанија

Предности
Осигурување
Документи
  • Детален преглед на сите Ваши трансакции преку електронското банкарство OBSGN@t 
  • Бесплатни трансакции на ПОС-терминалите во земјата и во странство
  • Плаќање на интернет
  • Заштита при плаќање на интернет со вграден код за безбедност 3D Secure, Verified by Visa - VbV и MC Secure code (Најчесто поставувани прашања за 3D Secure,Verified by Visa - VbV и MC Secure code)
  • Можност за неограничен број дополнителни картички за вработените од Вашата компанија
  • Одредување дневни лимити за секоја картичка според Вашите потреби
  • Вклучено бесплатно осигурување со картичката
    Како корисник на бизнис-дебитната картичка Visa уживајте во сигурноста и во многубројните поволности на осигурувањето кога патувате дома или во странство:
  • Бесплатна заштита за Вас и за членовите на Вашето семејство доколку патуваат со Вас - осигурителната премија е покриена од страна на Банката
  • Без дополнителни трошоци во случај на неочекувани настани опфатени со осигурувањето;
  • Финансиска сигурност за Вас и за Вашето семејство во случај на немил настан;
  • Покриеност за неограничен број патувања.
    Осигурувањето на картичката важи само ако патувањето е во целост платено со осигурената картичка.

    Итен контакт 24/7
  • Во случај на осигуран настан, Вие или друго лице во Ваше име треба да го информира контакт-центарот на Europ Assistance на телефонскиот број: +44 203 7888656.
  • Центарот е достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
  • По првичната пријава на осигурениот настан, можете да комуницирате со Europ Assistance по електронски пат на адресата: ohridskabanka@broadspire.eu

  • Детални информации за осигурување
  • Пополнето Барање
  • Лична/и карта/и на корисникот/корисниците на дополнителна/и картичка/и
  • Документација потребна за отворање трансакциска сметка за нов клиент

Предности
Осигурување
Документи
  • Максимален кредитен лимит во зависност од бонитетот и од деловниот приход на Вашата компанија
  • Достапна за резидентни и за нерезидентни правни лица
  • Бескаматен грејс-период максимум до 45 дена за сите трансакции до 15 во месецот
  • Детален преглед на сите Ваши трансакции преку електронското банкарство OBSGN@t
  • Бесплатен месечен извод за сите трансакции
  • Бесплатни трансакции на ПОС-терминалите во земјата и во странство
  • Плаќање на интернет
  • Заштита при плаќање на интернет со вграден код за безбедност 3D Secure, Verified by Visa - VbV и MC Secure code (Најчесто поставувани прашања за 3D Secure, Verified by Visa - VbV и MC Secure code)
  • Можност за неограничен број дополнителни картички за вработените лица од Вашата компанија
  • Одредување дневни лимити за секоја картичка според потребите на Вашата компанија
  • Вклучено бесплатно осигурување со картичката
    Како корисник на бизнис-картичката Mastercard уживајте во сигурноста и во многубројните поволности на осигурувањето кога патувате дома или во странство:
  • Бесплатна заштита за Вас и за членовите на Вашето семејство, доколку патуваат со Вас - осигурителната премија е покриена од страна на Банката
  • Без дополнителни трошоци во случај на неочекувани настани опфатени со осигурувањето
  • Финансиска сигурност за Вас и за Вашето семејство во случај на немил настан
  • Покриеност за неограничен број патувања.
    Осигурувањето на картичката важи само ако патувањето е во целост платено со осигурената картичка.

    Итен контакт 24/7
  • Во случај на осигуран настан, Вие или друго лице во Ваше име треба да го информира го контакт-центарот на Europ Assistance на телефонскиот број: +44 203 7888656.
  • Центарот е достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
  • По првичната пријава на осигурениот настан, можете да комуницирате со Europ Assistance по електронски пат на адресата ohridskabanka@broadspire.eu

  • Детални информации за осигурување
    Потребни документи за правни лица резиденти
  • Пополнето Барање
  • Лична/и карта/и на корисникот/корисниците на дополнителна/и картичка/и
  • Финансиски извештаи за последните 2 години
  • Заклучен лист за последниот квартал од тековната година
  • Промет на трансакциската сметка за последните 6 месеци (компјутерски листинг на картичката 1000 од сметководителот)
    Напомена: За клиенти на Банката нема потреба од презентирање на овој документ.
  • Аналитички преглед по комитенти - спецификација на групите 12, 22, 25 и 28 (купувачи, добавувачи и кредити) со истиот датум за кој се однесуваат заклучните листови од точка 4
  • Копија од решението за регистрација на претпријатието со сите прилози
  • Изјава/Согласност за проверка на кредитната изложеност
  • Обезбедување
  • Потпишан Договор за издавање и користење на картичката Business Charge 
  • Друга документација
    Потребни документи за правни лица нерезиденти
  • Пополнето Барање
  • Лична/и карта/и пасош/и на корисникот/корисниците на дополнителна/и картичка/и
  • Финансиски извештаи за последните 2 години
  • Копија од решението за регистрација на претпријатието во соодветниот трговски регистар на државата од каде што потекнува нерезидентот
  • Обезбедување (Изјава за депозит)
  • Потпишан Договор за издавање и користење на картичка Business Charge 
  • Друга документација

ПОС Терминали

Ефикасно, сигурно и брзо, бесконтактно и контактно прифаќање на сите картички Mastercard и Visa издадени од домашни и од странски банки - издавачи.

Во зависност од Вашата дејност, на располагање Ви се различни типови на ПОС-терминали според начинот на нивното комуникациско поврзување: Dial-up (преку аналогна фиксна телефонска линија) и GPRS (мобилен апарат кој користи мрежа за пренос на податоци на мобилна телефонија).

Предности

  • Зголемување на Вашата продажба на стоки и на услуги
  • Зголемување на бројот на клиентите кои преферираат плаќање со картички
  • Едноставно и брзо плаќање на продажното место
  • Можност за плаќање на рати на Вашето продажно место
  • Поголема сигурност и едноставност на прифаќање на картичките
  • Намалување на трошоците за манипулација со готовина

Документи

2019 Ohridska Banka