A+ / A-

Лимити за електронско банкарство за правни лица


Согласно Одлуката за Методологијата за сигурност на информативниот систем на банката („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/18), која стапува на сила на 01.01.2019, Ве известуваме дека за сите нови корисници на електронско банкарство за правни лица од 02.01.2019 ќе бидат сетирани трансакциони лимити:



За сите постоечките корисници овие лимити во електронското банкарство ќе бидат поставени на 08.01.2019 година.

Сите трансакции помеѓу сопствените сметки, како и плаќањата кон сметки на Банката (купопродажба на девизи, плаќањата на кредитни обврски во Банката, плаќања на обврски по картичките итн.) и трансфери на плати се исклучуваат од пресметката на лимитите.

Стандардните лимити (лимити по трансакција, дневен лимит и месечен лимит) се изразени во денари. Трансакциите во девизи се пресметуваат во  дефинираните лимити во денари преку нивна конверзија користејќи го средниот курс на Народна банка на датумот на валута на трансакцијата.  

По добиено писмено барање на Корисникот на услугата, Банката може да одобри и повисоки лимити од горенаведените стандардни лимити но не поголеми од максимално дозволените лимити дефинирани од страна на Банката.

Повеќе информации можете да прочитате во Општите правила и услови.



принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 24.01.2019
016
24.01.2019, 00:00 - 24.01.2019, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!