A+ / A-

OBSG BUZZ Хакатон



Мобилното банкарство станува неизоставен дел од нашето секојдневие. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и кон пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата за воведување на иновации во мобилното банкарство и во начинот на интеракција на банките со сегашните и идните корисници.
Целта на овој предизвик е да пронајдеме и креираме нови начини на интеракција на Банката со корисниците.

Проект: OBSG Buzz Хакатон: Креирај ја мобилната банка на иднината

Отворени места: до 50

Насоки на интерес: Дизајн, UI/UX, програмирање, информатички технологии, финансии, е-бизнис, маркетинг, менаџмент.

Награда: 1.500 ЕУР (за победничкиот тим)

Локација: Инофеит

Краен рок за пријавување: 25.11.2018 г.

Формулар за учество: тука

Дата на одржување: 30.11 ‒ 02.12.2018 г.


Што треба да направите?

1. Да креирате нови иновативни решенија за подобрување на мобилното банкарство и пронаоѓање нови начини за интеракција со Банката преку мобилен телефон.

2. Да ги истражите постојни мобилни апликации низ светот и анализирање на дигиталните трендови во мобилното банкарство.

3. Да направите анализа на постојната апликација на ОБСЖ и подобрување на UI/UX за апликацијата „Моја банка“ за мобилното банкарство на ОБСЖ.

4. Да дадете предлог-решение со креиран прототип со нови и подобрени функционалности за мобилното банкарство на ОБСЖ.

5. Да го тестирате предлог-решението. 

Зошто да аплицирате?

1. Ќе се стекнете со искуство при работа на реален проект и можност да се креира решение за реален проблем.

2. Имате можност да ја создадете вие иднината на мобилното банкарство. Ќе постои можност победничкото решение да се имплементира.

3. Ќе работите со тим од голема интернационална компанија.

4. Имате можност да добиете парична награда и сертификат.

5. Вмрежете се со професионалци.

6. Истакнете се пред потенцијални работодавци.

Што е потребно за да учествувате?

1. да го пополните онлајн формуларот.

2. Да бидете тимски играч, подготвен за предизвик

3. Да покажете голема посветеност на проектот и мотивација за работа.

4. Задолжително да присуствувате на трите работилници.


* Секој тим ќе биде мултидисциплинарен со максимум пет (5) члена. За проектот заинтересираните учесници можат да аплицираат сами или во парови. Тимовите ќе бидат формирани од Солвео.

 * Победничкото решение ќе  има можност да влезе во фаза на имплемемтација од страна на Охридска банка Сосиете Женерал, а другите решенија си остануваат во сопственост на тимовите/учесниците.



принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!