На едно место ги собравме најчесто поставуваните прашања во врска со понудата за одложување на кредитните обврски кои се надеваме дека ќе Ви користат како потребни информации.
Почитувани,
Охридска банка АД Скопје на 01.04.2020 година ја објави Понудата за одложување на кредитните обврски за 6 месеци.
До Банката пристигнаа реакции од клиенти кои бараат одредени појаснувања во врска со Понудата.
Затоа, на едно место ги собравме најчесто поставуваните прашања во врска со понудата за одложување на кредитните обврски кои се надеваме дека ќе Ви користат како потребни информации.
Често поставувани прашања: Понуда за одложување на кредитни обврски за 6 месеци
Дали ќе ми биде пресметана камата за периодот од 6 месеци?
· Во однос на начинот на пресметка на каматата која се однесува на периодот на одложување, сакаме да Ве известиме дека за целото времетраење на периодот на одложување Банката ќе пресметува камата, согласно предвидената каматна стапка во Договорот.
Колку ќе изнесува каматата што треба да ја платам за периодот на одложување на кредитните обврски? Колку ќе изнесува ратата после периодот на одложување на кредитните обврски?
· По истекот на периодот од 6 месеци, каматата пресметана во периодот на одлагање на обврските, ќе се капитализира (додаде) на кредитното салдо на кредитот и ќе се распореди подеднакво за наплата согласно новиот амортизационен план.
Пример информативна пресметка:
За кеш кредит од 5000 еур и каматна стапка од 5%, за период од шест месеци, износот на пресметаната камата би бил ~ 125 евра. Ако се земе во предвид преостанат рок на отплата од 36 месеци, рататата која ќе се плаќа, по истекот на периодот на одложување би била повисока за 3,5 еур.
Дали на пресметаната камата за периодот од 6 месеци ќе се пресметува нова камата?
· Банката нема да пресметува камата на пресметаната камата за периодот од 6 месеци.
Како ќе се наплати каматата по периодот од 6 месеци?
· Имате можност да ја платите каматата одеднаш, или каматата да Ви биде вкалкулирана во ануитетите
Имам доспеана рата во март, дали е влезена во одложувањето или треба да се плати?
· Одложувањето се однесува на сите обврски кои ќе доспеат по 01.04.2020 година. Сите доспеани обврски заклучно со 31.03.2020 треба да бидат подмирени од клиентите.
Јас би сакала да го отплаќам кредитот како и до сега, без одложување. Како да ја одбијам оваа понуда?
· Клиентите кои сакаат да продолжат со редовно сервисирање на своите обврски кон Банката, потребно е за тоа да ја известат Банката преку меил адресата креирана за оваа намена retail.covid19@ob.com.mk , најдоцна во рок од 10 (десет) дена од објавувањето на понудата. Во спротивно ќе се смета дека истата ја прифаќаат. На наведената меил адреса клиентите треба да ги достават следните податоци:
Име и Презиме
Датум на раѓање
Телефон за контакт
Адреса на живеење (од лична карта)
Доколку клиентите немаат можност електронски да достават информација дека не ја прифаќаат понудата, ќе биде потребно во рокот предвиден за известување да ја посетат најблиската експозитура на Банката за да дадат писмено известување дека не ја прифаќаат понудата.
Клиентите кои ја прифаќаат понудата, не треба да ја известат Банката.
Дали може да доставам писмена изјава за одбивање на понудата во експозитура?
· Да. Потребно е да се посети експозитура на Охридска банка АД Скопје во која треба да се потпише изјава, но поради специфичноста на ситуацијата, Ве советуваме електронски да ја известите Банката дека ја одбивате понудата на меил адресата retail.covid19@ob.com.mk најдоцна во рок од десет (10) дена од датумот на објава на Понудата.
Имам траен налог / административна забрана преку која ја плаќам ратата за кредит. Што со него?
· Трајните налози и административната забрана за време на периодот на одложување на кредитните обврски, пресметани од 01.04.2020 до 30.09.2020 година (рати и камати) ќе бидат стопирани, за што е потребно клиентите чии кредитни обврски се сервисираат преку административна забрана за наплата да ги известат своите работодавачи да ги стават во мирување.
Дали може да платам рата во април и мај, а да не плаќам во останатите 4 месеци?
· Доколку ја прифатите понудата за одложување на наплатата на кредитните обврски, нема можност да се плаќаат рати, бидејќи истите нема да се задолжуваат. Може да се вршат уплати на партијата, но истите ќе бидат прокнижени на кредитот на крај на грејс периодот – 30.09.2020. Доколку имате неплатени достасани обврски заклучно со 31.03.2020 истите ќе бидат подмирени од извршените уплати.
Доколку не ја прифатите понудата во наведениот рок, можете да се обратите до банката со барање за одложување во идниот период, но единствено во периодот на вонредна состојба, додека важи уредбата. Во секој случај, одложувањето на ратите останува со краен рок до 30.09.2020 година.
Користам кредитно животно осигурување на мојот станбен кредит. Што со месечната премија која ја плаќам за осигурувањето?
· Се одложува наплатата на месечна премија за осигурување за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година, притоа останува во важност осигурувањето. На клиентите кои ќе ја прифатат понудата за одложување на кредитните обврски, а истовремено користат кредитно животно осигурување со месечна прeмија, за целото времетраење на одложувањето, ќе им се пресметува, но нема да се задолжува месечна премија. По истекот на периодот на одложување, пресметаната премија ќе биде договорно регулирана.
Дали ако аплицирам за кредит во следните три месеци, ќе можам да ја користам понудата за одложување на кредитните обврски?
· Доколку поднесете апликација за кредит после 01.04.2020 во периодот на вонредна состојба, имате можност да ги користите условите од Понудата за одложување на кредитните обврски, за што треба да ја известите Банката при самото аплицирање. Одложувањето не може да трае подолго од 30.09.2020.
Дали може парцијално одложување во случај на повеќе кредитни партии (на пр. За една кредитна партија да продолжи плаќањето, а друга да се стопира)?
· Понудата за одложување на кредитните обврски е неделива и важи за сите производи кои клиентот ги користи и по кои има кредитни обврски кон Банката.
Сепак, доколку некоја од партиите на кредитни производи сакате да бидат исклучени од понудата, тоа експлицитно треба да го посочите во маилот или барањето доставено до банката, со специфицирање на бројот на партијата која барате да се исклучи од понудата.
Од кога почнува стопирањето на кредитот доколку ја прифатам понудата?
· Одложувањето почнува на 01.04.2020 година и ќе трае до 30.09.2020 година.
Имам заостаната рата од кредит, дали таа рата ќе ја повлечете во овој месец?
Понудата за одложување на наплатата на кредитните обврски се однесува за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година. Сите доспеани обврски заклучно со 31.03.2020 треба да бидат подмирени од клиентите. Трајните налози и административните забрани ќе бидат во функција за наплата на овие обврски.
Дали за нови кредитни апликации во овој период ќе има некакви олеснувања?
Охридска банка АД Скопје од 01.04.2020 година воведува нови поволности за сите заинтересирани клиенти кои имаат потреба од кеш или станбен кредит, сè со цел да се дадат дополнителни олеснувања во овој специфичен период.
Дополнителни олеснувања:
· Без административен трошок за Лесен кеш, Станбен, Кеш хипотекарен и Кеш со 100% депозит кредит
· Без трошок за проценка за станбени кредити
· · Без нотарски трошоци за станбени кредити