Партнер+ кредит - КРЕДИТНА ЛИНИЈА од ЕБОР за поддршка на конкурентноста на МСП
Наменета за финансирање проекти за микро, мали и за средни претпријатија регистрирани во Република Македонија чиј капитал е над 51% во приватна сопственост, со цел да се подобри конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди од директивите и од легислативата на ЕУ.
Предности
- Износ до 1.000.000 eвра
- Рок на враќање минимум до 18 месеци
- Грејс-период до 12 месеци
- Начин на отплата - квартална или месечна
- По успешното завршување и верификацијата на проектот,
15 % од вкупната сума на кредитот ќе му биде рефундирана на клиентот.

Критериуми и обезбедување
- Хипотека на недвижен имот
- Залог на подвижни предмети
- Извршна меница во форма на нотарски акт
- Други инструменти прифатливи за Банката
Забрана и исклучување на финансирање на:
- производство и/или трговија со оружје или со воена опрема
- финансиски институции или компании за финансиски услуги
- осигурителни компании
- агенции за недвижнини
- производство или извоз на тутун или на алкохол
- продажба на тутун или на алкохол (освен кога продажбата на тутун или на алкохол не е основна деловна активност на ентитетот)
- казина или други објекти за коцкање
- шпекулативни вложувања во имот или во валути или други шпекулативни инвестициски активности
- вложувања во хартии од вредност од секаков вид, вклучувајќи ги и вложувањата во акционерски капитал на други компании
- сите активности што се појавуваат на Листата за еколошка и социјална исклученост на ЕБОР.