Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk

Вредности

ТИМСКИ ДУХ

Ги задоволуваме потребите на нашите клиенти како доверлив партнер

Во светот што се менува ги поддржуваме сите наши клиенти, истовремено покажувајќи вистински тимски дух. Како одговорен и доверлив партнер, предлагаме алтернативи, агилност и комплементарна природа на нашата експертиза.

Со нашите клиенти работиме онака како што се однесуваме еден со друг: со слушање, градење заедно, вреднување на придонесите и обединување во нашите успеси и во нашите тешкотии.

ИНОВАЦИИ

Ги антиципираме потребите на иднината

Тежнееме кон постојано унапредување на нашиот пристап преку проширување на техничките иновации и преку заедничко работење за усвојување решенија и практики насочени кон потребите на иднината.

Доследни на нашиот претприемачки дух, ги менуваме нашите начини на работа преку промовирање, споделување, експериментирање и размислување надвор од рамките. Учиме подеднакво и од успесите и од неуспесите.

ОДГОВОРНОСТ

Придонес за развојот на економијата

Нашата одговорност и нашата корпоративна етика се состојат од предвидување на различните потреби, истовремено штитејќи ги долгорочните интереси на сите наши акционери.

Нашата одговорност може, исто така, да биде препознаена и во нашата храброст да сносиме одговорност за нашите постапки и одлуки и да ги изразиме транспарентно нашите мислења. Му даваме подеднакво значење на начинот на кој ги постигнуваме резултатите исто како што му посветуваме и на постигнувањето на самите резултати.

ПОСВЕТЕНОСТ

Придонес за успехот на нашите клиенти

Нашите вработени се целосно посветени на тоа да придонесат за успехот на нашите клиенти. Промовираме инволвираност и професионални достигнувања за сите. Одржуваме врски базирани на доверба и заемна почит, како во Банката така и надвор од неа. Нашата посветеност произлегува од континуираното задоволство на нашите клиенти од нашите вештини и експертизи.

Види ги сите локации во Македонија Мапа
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk